Стапки
Скратеница/Симбол:
ст
' (прим симбол)
(Со значење десет стапки може да се претстави или со 10 ft или 10')
Wordwide use:
Примарно употребувана како официјална мерна единица во Соединетите Американски Држави. Канада ја препознава стапката како алтернативна мерна единица (на стандардната метричка), а стапката продолжува да се употребува вообичаено и во Обединетото Кралство.
Стапката исто така се употребува глобално за мерење надморска височина во авијатичарската индустрија.
Definition:
Во 1959 година меѓународниот договор за јард и фунта (меѓу Соединетите Американски Држави и земјите од Комонвелтот на нации) дефинираше дека јардот изнесува точно 0,9144 метри, наспрема што беше дефинирана стапката дека изнесува точно 0,3048 метри (304,8 мм).
Origin:
Стапката се употребувала како мерна единица низ поголемиот дел од пишаната историја - вклучувајќи и во Античка Грција и Римската Империја - и потеклото на името главно се прифаќа дека е поврзано со просечната големина на возрасно, машко стапало (а може и чевел). Првично било поделено во единици од шеснаесет компоненти, Римјаните исто така ја делеле стапката на 12 uncia - потеклото на терминот инч во модерниот англиски јазик.
Стапката продолжи да се употребува во Европа во поголемиот дел од последните две илјади години, иако националните и регионалните варијации биле вообичаени. Зависно од тоа каде (и кога) терминот стапка бил употребуван, можел да се однесува на должини мали колку 273 мм или големи колку 357 мм. Стапката исто така добила поширока употреба во земјите од англиско говорно подрачје низ светот.
Употребата на стапката се намалила како што повеќето држави го усвоија метричкиот систем, започнувајќи од Франција во доцниот 18. век.
Common references:
Стандардната големина на фудбалски гол е осум стапки висок и осум јарди (24 ст) широк.
„Шест стапки под земја“ („два метра под земја“) е еуфемистичка фраза за погребување, или уште и се употребува кога се опишува мртов човек како „шест стапки под земја“ („два метра под земја“).
„Пет стапки високо и нагоре“ (референца за надоаѓачка поплава) било употребено како наслов на песна од Џони Кеш. Потоа Де Ла Сол го именувале нивниот хит хип хоп албум од 1989 година како „3 стапки високо и нагоре“.
Usage context:
Примарно употребувана како официјална мерна единица во Соединетите Американски Држави. Канада ја препознава стапката како алтернативна мерна единица (на стандардната метричка), а стапката продолжува да се употребува вообичаено и во Обединетото Кралство.
Стапката исто така се употребува глобално за мерење надморска височина во авијатичарската индустрија.